Ракометниот клуб Вардар на вториот меч на програмата во Струга забележа победа над Тиквеш.
Вардар успеа да се одлепи уште во воведната фаза со 9:5 и разликата од четири гола ја одржа до полувремето (15:11), а иако Тиквеш се обидуваше, најмногу што успеа да стигне во вториот дел беше „минус три“.
Фаворитот на вечерниот меч не дозволи враќање на противникот и непотребна драма во завршницата, па на крајот славеше и поубедливо со 34:27.
Јагуриновски со шест гоола беше најефикасен во тимот на Вардар, а исто толку постигна и Манасков на спротивната страна.