Ракомет

РК Вардар го доби Е.Пелистер во првото „вечно“ дерби!

РК Вардар го доби Е.Пелистер во првото „вечно“ дерби!

Ракометарите на Вардар 1961 по голема борба го добија првото „вечно“ дерби во Суперлигата против Е.Пелистер со 31-28 полувреме со 16-14.

Натпреварот од петтото првенствено коло понуди драма со среќен крај за вардарци кои беа во серија од четири порази од ривалот на сите фронтови.

Најдобар стрелец во дербито беше Дејан Манасков кој реализира девет пати за поразениот тим.

Во таборот на Вардар се истакнаа Николас Боно, Жуниор Тузолана и Јака Малус со по шест гола.

Кај голманите Милош Валах одбрани девет удари во вториот дел, а Никола Митревски заврши со осум на спротивната страна.

To top