Ракомет

РК Вардар ги започна подготовките за новата сезона

РК Вардар ги започна подготовките за новата сезона

Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 ги започна подготовките за натпреварувачката 2024/2025, сезона во која клубот освен на домашната ќе игра и на меѓународната сцена и тоа во Лига Европа на ЕХФ.

Досега се доведени седум нови имиња (Дмитро Горига, Марио Танкоски, Младен Крсманчиќ, Томче Стојановски, Ашреф Мергали, Ларс Коиј, Мигел Пинто) кои се појавија на првиот тренинг, а се очекува наскоро да биде и ангажиран квалитетен голман кој ќе ја пополни празнината која настана со заминувањето на Мартин Томовски во Германија. Освен Томовски си заминаа Јасухира, Карапалевски, Мишевски и Ѓукиќ.

Вардарци првиот дел од подготовките ќе ги одработат во Скопје, потоа од 26 јули до 3 август ќе се преселат во Маврово, а она што е досега сигурно е дека тимот ќе настапи на турнирите во Струга (14 до 17 август) и Охрид (20 до 24 август).

To top