Ракомет

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Охрид

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Охрид

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за следниот домашен натпревар од плеј-офот во Супер лигата.

Во Скопје на гости доаѓа екипата на Охрид, а натпреварот е закажан за в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Цените на билетите во зависност од местото на седење и блоковите во салата се 100, односно 150 денари.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн преку МК Тикетс, како и преку нивните продажни место, а ќе можат да се купат и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ на денот на натпреварот.

To top