Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 ги дозна сите противници за групната фаза во Европската ракометна лига.
Од претходно се знаеше дека „црвено-црните“ со сигурност ќе се сретне со Порто од Португалија, а веќе се потврдени уште останатите две екипи во групата.
Првата е бундеслигашот Мелсунген кој со 64:54 го доби двомечот со Елверум во квалификациите, додека последниот тим во групата ќе биде Валур кој загуби од Винковци со 32:24, ама поради победата на првиот натпревар оди понатаму во ова натпреварување.