Ракометарите на Вардар 1961 го потврдија статусот на фаворити и лесно се справија со Струга во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Суперлигата.
„Црвено-црните“ ги надиграа стружани со 40:26 и дојдоа до 20. победа во шампионатот. Домаќините уште во првиот дел наметнаа темпо и на одмор заминаа со предност од 19:11, предност која ја надоградија во вторите 30 минути.