Ракомет

РК Вардар без новото засилување Пинто до ноември

РК Вардар без новото засилување Пинто до ноември

Португалското засилување за РК Вардар Мигуел Пинто е успешно опериран по повредата на менискусот на коленото и сега ќе го започне процесот на рехабилитација.

Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период пред сезоната, беше решено оперативниот зафат да биде направен побрзо, и истиот го изврши др. Небојша Настов.

Се очекува Пинто да се врати на теренот за 8-10 седмици, кога би требало да дебитира за Вардар.

Португалецот во тимот на Вардар пристигна од тимот на Агунас Сантас од неговата татковина. Изминатата сезона на 30 натпревари постигна 74 гола.

To top