Ракометниот колектив Охрид ги стартува подготовките за следната натпреварувачка сезона во која освен на домашно тло ќе се натпреварува и во Европскиот куп на ЕХФ.
Тренерот Стевче Алушовски на првата прозивка го имаше речиси целосниот ростер на играчи со кои ќе располага. Во новото јато на првиот тренинг од новајлиите присутни беа и новите засилувања.
Подготовките Охрид ќе ги реализира во својот град во целост, а во втората половина на август ќе биде домаќин на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. Потоа охриѓани ќе учествуваат и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.