Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид со 34-30, но во одредени мигови имаа проблеми, откако противникот стигна и до 1 разлика (26-25).
Меѓутоа домашните ракометари најдоа сили да дојдат на крајот до триумф, со кој ја продолжуваат трката за титулата во Суперлигата.
Филип Кузмановски со девет гола беше најефикасен. Кај Охрид најпрецизен беше Никола Јукиќ со седум.