Ракомет

РК Еурофарм Пелистер ја распродаде салата пред дербито со РК Вардар

РК Еурофарм Пелистер ја распродаде салата пред дербито со РК Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер в сабота ќе се соочи со големиот ривал Вардар во салата „Боро Чурлевски“, а притоа ќе има огромна поддршка од навивачите.

Битолскиот тим објави дека билетите за ракометното дерби се распродадени, па така салата ќе биде исполнета до последното место и домаќините ќе се обидат да направат пеколна атмосфера.

Вардар ќе тргне во плејофот со три бодови од првото место на табелата, додека Пелистер има два бода.

Дербито меѓу битолскиот и скопскиот тим е закажано за сабота од 18 часот.

To top