Во женската ракометна елита, Македонија ќе ја претставуваат Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Ива Младеновска која ќе го носи дресот на Брест.
Македонските ракометарки ќе се соочат во групата „Б“ каде што се: Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудигсбург, Ѓер, Брест, Рапид Букурешт и Оденсе.
Групата „А“ е составена од: Ференцварош, Мец, ЦСМ Букурешт, Крим, Стормхамар, Никобинг, Подравка и Глорија.
Натпреварите во Лигата на шампионите започнуваат во септември, а титулата ќе ја брани тимот на Ѓер.