Трофејниот ракометен стратег Раул Гонзалес и официјално ќе биде селектор на репреентацијата на Србија со која потпиша четиригодишен договор со цел, да ја одведе Србија на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.
Интересно е што првиот дуел на Србија под водство на Раул Гонзалес ќе биде токму против Шпанија во март.
Во таборот на нашиот северен сосед имаат големи очекувања од искусниот стратег кој пак има секако и што да понуди. Ракометот во Србија е во релативно голема криза, од што и произлегуваат честите смени на селектори.