Селекторот на српската ракометна селекција Раул Гонзалез го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета на претстојното ЕП кое ќе се одигра во јануари.
Земјите учеснички имаа обврска да ги пријават играчите до почетокот на декември, а составите беа објавени на веб-страницата на ЕХФ. На списокот на шпанскиот стратег нема поголеми изненадувања, единствено враќањето во селекцијата на Миљан Пушица и Илија Абутовиќ, кои претходно се простија од репрезентацијата.
Во составот на Раул има четворица ракометари кои моментално настапуваат во македонската ракометна Супер Лига.