Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство го заврши на високото деветто место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со Министерот за спорт,
Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.
Исто така, голема благодарност и честитки за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб упати и претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус – системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.