Ракомет

Ракометниот Суперкуп ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“

Ракометниот Суперкуп ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер и победникот на Купот, РК Алкалоид, ќе се борат за трофејот од Суперкупот на Македонија, а домаќин ќе биде СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Од спортскиот центар го потврдија домаќинството, но непознат е терминот, кој веројатно ќе биде на почетокот на септември.

Суперкупот на Македонија минатата сезона го освои Вардар 1961, со победата против Еурофарм Пелистер во Струмица.

To top