Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа откако во 2.коло од ЕХФ Лига Европа го совлада францускиот Тулуз на гости со 28:26 (18:11). Ова за „црвено-црните“ е втора победа во групата Ф.
Вардар одлично го почна натпреварот, а водство имаше во текот на целиот натпревар. Единствено резултатот беше нерешен 1:1, а Вардар направи серија од 5-0 за водство до 6:1. На почетокот на вториот дел Вардар поведе и со +9 (20:11 и 21:12), но потоа Тулуз имаше серија од 10:2 и стигна до негатива од еден гол. Сепак избраниците на Иван Чупиќ, најдоа сили и го задржаа водството до крајот на дуелот.
Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со 6 голови, додека на дуелот најпрецизен беше Немања Илиќ од Тулуз со 7 голови.
На вториот дуел од група Сесвете – Кристијанстад 32:32.
Вардар е лидер на табелата со 4 бодови, Кристијанстад има 3, Сесвете 1, Тулуз 0.
Во следното коло Вардар на 11.ноември гостува кај Кристијанстад.
ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ФРАНЦИЈА 💪❤️🖤🇲🇰
Јака Малус 6 гола
Дмитро Горига 4
Николас Боно, Петар Јанковски и Урош Митровиќ сите по 3 гола.
Милош Валах 8 одбрани
Васил Гогов 3 одбраниPosted by RK Vardar 1961 on Вторник, 21 октомври 2025