Ракомет

Ракометарите на РК Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Ракометарите на РК Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа).

„Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21.

Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од 6-0 за првото и единствено изедначување.

Во последните 20 минути „вардарци“ ја консолидираа одбраната и стигнаа до посакуваната победа.

Најефикасен кај Вардар беше Дмитро Горига со 7 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Златко Раужан со 9 голови.

Вардар следниот натпревар од групата го игра на гости кај Тулуз на 21.октомври.

To top