Ракомет Европска лига на EHF

Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Алкалоид со дански Силкеборг

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид денес ги пушти во продажба билети за натпреварот со Бјерингбро-Силкеборг кој ќе се игра во рамките на третото коло од Европската лига на EHF.

Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Алкалоид со дански Силкеборг

Продажбата на билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и Бјерингбро- Силкеборг ќе биде преку продажната мрежа на MKTickets.

Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари.

Мечот е закажан за 14 ноември со почеток од 18:45 часот.

To top