Ракомет

ПСЖ на Раул со минимална победа во Сегед, Нант изненаден од Висла

ПСЖ на Раул со минимална победа во Сегед, Нант изненаден од Висла

Се одиграа двата први меча од 1/8 финалето во ракометната Лига на Шампиони.

ПСЖ на Раул Гонзалес на гостувањето кај ПИК Сегед успеа да дојде до мининална победа од 30:31 и со тоа да има предност, па макар и од еден гол за реваншот на свој терен.

До средината на второто полувреме се водеше израмнета борба, резултатот постојано се “кршеше“, на пауза се замина со предност на гостите од 13:14, но дури тогаш ПСЖ успеа да одигра подобро и на крајот да победи.

На вториот меч, кој се одигра Висла Плоцк и Нант, славеше домашниот состав со 28:25.

Во текот на целиот меч полскиот тим беше подобар, на пауза се замина со пет голови предност (17:12), за да во второто полувреме Нант ги вложи сите сили колку толку да ја намали разликата, но само успеа да дојде до -3.

Поврзани теми

To top