Ракомет

Претседателот на РФМ и министерот Ристовски им посакаа успех на ракометарките пред ЕП

Претседателот на РФМ и министерот Ристовски им посакаа успех на ракометарките пред ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македоија ги започна подготовките за настапот на Европското сениорско првенство за ракометарки, а на првиот тренинг беа посетени од Министерот за спорт, Борко Ристовски и претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов.

Нашите девојки ќе настапат на континенталниот собир кој ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември и ќе играат во групата А, каде ќе ги одмериме силите против селекциите на Унгарија, Турција и Шведска.

Ристовски и Мукаетов им посакаа успешен настап на репрезентативките, со искрена желба за позитивни резултати со кои Македонија ќе може да се гордее.

 

To top