Ракомет

Познати термините на натпреварите на Вардар во Европската лига

Познати термините на натпреварите на Вардар во Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, го објави распоредот и саатницата за натпреварите од втората фаза во Европската лига.

Вардарци кои како првопласирани во групата на минаа првата фаза, во втората за противници ќе ги имаат германскиот Мелсунген и португалскиот Бенфика.

Црвено-црните ќе стартуваат со гостување во Лисабон кај Бенфика на 17 февруари 2026.

Потоа ќе следуваат два домашни натпревари на 24 февруари и 3 март. Во последниот меч вардарци ќе гостуваат во Германија кај Мелсунген на 10 март.

Сите натпревари Вардар ќе ги игра во вечерниот термин од 20.45 часот.

Теми на денот

To top