Македонскиот ракометен тим Вардар три пати на домашен терен ќе игра во вечерниот термин од 20:45 часот во рамките на ракометната Лига на Европа.
Натпреварите ќе стартуваат на 8 октомври, а „црвено-црните“ на стартот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го пречекаат победникот до двомечот помеѓу исландскиот Валур и хрватската Спачва.
Дуелите со португалскиот Порто се на крајот на октомври, додека на крајот на групната фаза во Скопје ќе гостуваат или германскиот Мелсунген или норвешкиот Елверум.