Познати се сите патници во елиминационата фаза од ракометниот машки олимписки турнир во Париз.
Со тоа веќе се знаат и четвртфиналните парови. Најдобрата селекција од групата А, Германија за противник ќе го има домаќинот Франција, кој во оваа фаза се пласира благодарение на победата во последното коло над Унгарија.
Лидерот од групата Б, Данска, ќе игра ново скандинавско дерби со Шведска, додека Норвешка, која што заврши третата во оваа група ќе се сретне со Словенија, која што игра одличен турнир.
Последниот натпревар од оваа фаза го сочинуваат селекциите на Шпанија и Египет. Четвртфиналната фаза започнува на седми август.