Ракомет

Познати се групите и распоредот за меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Познати се групите и распоредот за меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Од 14-16 јуни ќе се одржи третото издание на меморијален турнир У18 „Марко Божиновски“ во чест на прерано починатиот Марко.

И оваа година турнирот ќе има меѓународен карактер, а веќе се познати групите и распоредот на натпреварите кои ќе се играат на Спортскиот центар „Марко Божиновски“.

Во групата А се најдоа екипите на Одорхеи, Коњух, Вардар и Пелистер, додека пак групата Б ја сочинуваат Струга, Алкалоид, Морнар и Бутел Скопје.

Распоред на натпревари:
Група А: Одорхеи, Алкалоид, Морнар, Бутел Скопје
Група Б: Аеродром, Коњух, Вардар, Еурофарм Пелистер

Петок, 14 јуни
09:30, Одорхеи – Алкалоид
11:00, Морнар – Бутел Скопје
13:00, Аеродром – Коњух
18:00, Еурофарм Пелистер – Вардар
19:30, Алкалоид – Бутел Скопје

Сабота, 15 јуни
09:30, Аеродром – Вардар
11:00, Коњух – Еурофарм Пелистер
13:00, Одорхеи – Бутел Скопје
18:00, Алкалоид – Морнар
19:30, Аеродром – Еурофарм Пелистер

Недела, 16 јуни
09:30, Одорхеи – Морнар
11:00, Коњух – Вардар
15:00, А1- Б2
16:30, Б1 – А2
18:00, Финале

На првото издание на меморијалниот турнир победник беше Нексе, додека на второто издание првото место им припадна на ракометарите на Алкалоид.

 

To top