Екипите на Веспрем и ПСЖ се последните четвртфиналисти во ракометната Лига на шампиони, откако ги елиминираа ПИК Сегед, односно Висла Плок.
Познати се двојките за последната фаза пред финалниот турнир во Келн.
Она што е интересно, во четвртфиналето ќе играат екипите на ПСЖ и Барселона, исто како и во четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони.
Двојки за четвртфинале на Лигата на шампионите:
Кил – Монпеље
Алборг – Веспрем
Магдебург – Килце
Барселона – ПСЖ