Според романскиот „Фанатик“, селекторот Чави Пасквал поднел оставка на позицијата, но тој ниту потврдил, ниту ја демантирал оваа информација.
Низ другите романски медиуми, претседателот на федерацијата, Константин Дин, објави дека само генералниот секретар на федерацијата си поднел оставка, додека ситуацијата со Пасквал не е „расчистена“.
Дин за „Про Спорт“ најави дека ќе има прес-конференција на која ќе ги откријат сите детали. Според романските стручњаци, Пасквал сака да си оди од селекторската позиција бидејќи не сака да си ја „расипе“ биографијата со слабите резултати.