Ракометарките на Шведска дојдоа до третата победа на Олимпискиот турнир во Париз откако беа подобри од Јужна Кореја со 21-27 полувреме (11-16).
На семафорот беа достигнати максималните седум разлика во првото полувреме, а иако Корејките имаа свои моменти и пријдоа на „минус три“, на пауза се отиде со 11-16.
До крајот Шведска рутински ја одбрани предноста и запиша важна победа. Најефикасни на мечот со по пет гола беа Линдквист и Канг Киунг-Мин.