Ракометарите на Норвешка дојдоа и до третата победа на Олимписките игри, по голема драма против Унгарија со 26-25 (11-13).
Пресметката во Париз понуди голема борба која се решаваше во последната минута, а скандинавскиот колектив со три победи е сигурен учесник во следната фаза.
Финалната акција понуди многу голема драма. Норвежаните имаа тајм-аут на 38 секунди до крајот, а потоа Грондал направи техничка грешка.
Унгарија фрли контра, одличниот Имре имаше зицер од крило, но тоа го одбрани Бергеруд. Тогаш беше фрлена контра и практично во последната секунда Александер Блонц погоди од лево крило за 26-25 и победа на скандинавскиот колектив.