Машката ракометна репрезентацијата на Норвешка не дозволи никакво изненадување и на триумфален начин го започна олимпискиот турнир во Париз, откако славеше сигурен триумф над Аргентина со конечни 36-31 (22-15).
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Грондал со осум и Бјорнсен со шест погодоци, додека меѓу стативите Бергеруд и Северас комбинираа 15 одбрани. Во составот на Аргентина, се истакна Диего Симоне со пет гола
Вреди да се напомене и дека Норвежаните останаа без услугите на Сандер Сагосен, кој доби црвен картон поради груб прекршок врз противнички играч.