Ракометната машка репрезентација на Норвешка го претрпе првиот пораз на овие Олимписки Игри откако вечерва по голема борба загуби од селекцијата на Египет со минимални 26-25.
Омар Јахија беше клучна фигура на натпреварот со седум постигнати погодоци од девет обиди, додека најефикасен кај Норвежаните беше Рајнкинд со седум гола.
Данска сега е осамена на чело на табелата во групата Б со максимални осум бода, пред Норвешка со шест, Египет со пет, а по „фараоните“ следат Франција со три, Унгарија со два и Аргентина без ниту еден освоен бод.
Во последното коло од оваа група се среќаваат: Данска – Норвешка, Египет – Аргентина и Франција – Унгарија.