Два македонски града, Битола и Охрид, се во трка да го добијат домаќинството на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција, пишува 24 ракомет.
Организацијата на Ф4 турнирот ќе биде одредена преку лицитација, а натпреварите се закажани за 17 до 19 април.
На турнирот ќе настапат Вардар, Алкалоид, Охрид и Е. Пелистер.