Ракомет

Одлично издание на Вардар против Мелсунген за 1/4 финале во ЕЛ

Одлично издание на Вардар против Мелсунген за 1/4 финале во ЕЛ

Вардар 1961 одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига. Македонскиот тим на гостувањето кај Мелсунген славеше со 25-34 и заврши на првото место во својата група 3 во главната рунда.

За место на завршницата „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум.

Да Силва постигна шест гола, исто колку и Воркапиќ, додека стрелец на пет гола беше Боно.

Во првите десет минути Вардарци отворија со 1-6, но потоа застанаа, пад во играта беше доволен знак за да домашниот тим врати со серија од 5-1 и израмни на 7-7 на средината на првото полувреме.

Иван Чупиќ повика тајм-аут, а неговите момци одговорија на ист начин, со серија од 5-1 поведоа со 8-12 во 23 минута. На одморот резултатот беше 12-17.

Со головите на Лазаревски и Тузолана, и една одбрана на Валах, Вардар за само три минути игра поведе со 12-20.

Од овој момент, неколку судиски одлуки и исклучувања, Мелсунген со 7-3 дојде на 19-23.

На стартот на 50. минута, Вардар со головите на Гоце Георгиевски и Воркапиќ зголеми на 20-28. Оваа позитива се покажа како повеќе од доволна за победа за „црвено-црните“.

 

To top