Норвешкиот вицепрвак Елверум се соочува со големи проблеми, бидејќи првите два голмани се повредени.
Во вторникот, за време на натпреварот меѓу Елверум и Фленсбург, кој што заврши со минимална победа на бундеслигашот, тешко се повреди голманот Робин Хауг.
Од управата на клубот соопштија дека 25-годишниот голман има повреда на коленото и ќе отсуствува подолг временски период од терените.
Пред една недела во тимот на Елверум се повреди репрезентативецот на Чешка, Симон Мизера, па така норвешкиот тим во следниот период ќе работи на изнаоѓање алтернативни решенија за покривање на голманската позиција.
Елверум на располагање на голманската позиција само уште искусниот Мортен Нергард, па ќе мора да носи нови чувари на мрежата.