Ракомет

Норвешка преку Данска по трето олимписко злато на ОИ

Норвешка преку Данска по трето олимписко злато на ОИ

Ракометната репрезентацијата на Норвешка е вториот патник во финалето на Олимписките Огри, откако славеше со 25-21 (11-8) над селекцијата на Данска и по петти пат во историјата ќе игра за златниот медал на женскиот ракометен турнир.

Тимската игра ја красеше победничката селекција, за тоа доволно говори и фактот дека шест ракометарки имаа три или повеќе голови.

Кај Данска немаше ниту еден лидер и поразот на крајот беше неизбежен, но останува мечот за бронзениот медал против селекцијата на  Шведска

To top