Ракометарките на Норвешка се вратија на светскиот трон, откако славеа во финалето на Мундијалот против Германија со 20-23 (11-11).
Натпреварот во „Ахој Арената“ во Ротердам понуди огромна борба, но искуството пресуди во клучните моменти и Норвежанките по четири години пак се светски првак.
Со по пет гола најдобри во таборот на Норвешка беа Хени Реистад и Русфелдт Деила, а кај Германките по четири дадоа Алина Гријселс, Виола Лојхтер и Емили Вогел.