Ракомет

Норвешка ја декласира Холандија

Норвешка ја декласира Холандија

Женската ракометна селекција на Норвешка третпат во низа ќе игра во финалето на едно Светско првенство.

По освоениот трофеј пред четири години и загубениот дуел за титулата пред две, Норвежанките в недела ќе имаат нова шанса да се искачат на светскиот трон.

На тој начин една од најтрофејните селекции во последните години во финалето ќе се судри со уште еден домаќин – Германија, кој во првото полуфинале славеше над фаворизираната Франција, која е и актуелен светски шампион.

Скандинавската селекција уште од стартот наметна свое темпо на игра и почна да гради сигурно водство. Хени Ела Рајстад одигра неверојатно полувреме и со седум гол беше нерешлива енигма за противникот и најзаслужна за комотното водство на полувреме од четири гола разлика.

Холандија ниту во продолжението немаше сили за надигрување, а откако попушти кон средината на второто полувреме, разликата се искачи на +9 за Норвешка, која што на крај се избори за висок триумф од десет гола (25-35).

Ела Рајстад заврши со десет постигнати погодоци, а солидна кај норвешкиот тим беше и Морк со пет гола. Кај поразениот тим по шест гола имаа Полман и Хаушер.

To top