Ракомет

Николов и Начевски ја добија првата задача во ЛШ за оваа сезона

Николов и Начевски ја добија првата задача во ЛШ за оваа сезона

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите каде делегирани се и македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Македонската двојка ќе го суди натпреварот меѓу германскиот Фуксе Берлин и унгарскиот Веспрем од групата А.

Овој натпревар ќе се игра на 12 септември во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин и ќе започне во 20:45 часот.

To top