Тренерот на ракометниот клуб Вардар , Владо Недановски, го анализираше натпреварот и спортски ја честита победата.
„Ротацијата ни беше проблем, во второто полувреме физички паднавме. Противникот ротараше повеќе, имаше снага и тоа пресуди. Подобриот и поспремниот тим извојува победа. Вечерва во сите сегменти Еурофарм Пелистер беше подобар. Еурофарм Пелистер останува фаворит во плеј-офот, ни имаме уште многу натпревари и ништо не е загубено. Ако издржиме можеби домашниот натпревар со Еурофарм Пелистер ќе одлучува“, ни рече Недановски.