Ракомет

Недановски: Против Порто единствена опција е победа

Недановски: Против Порто единствена опција е победа

На прес-конференцијата пред натпреварот со Порто стандардно зборуваше тренерот на екипата на Вардар Владо Недановски.

„Што се однесува до мечот со Порто знаеме колку е важен, доколку сакаме да ја поминеме групата. Во првото коло имавме добро издание пред домашна публика, а потоа во Мелсунген не беше како што посакувавме и загубивме убедливо. Тоа е веќе минато, размислуваме за дуелот со Порто, анализираме и тренираме за средбата. Тие се квалитетен тим кој десет години игра во Европа и Лигата на шампионите, а оваа година и во Лигата на Европа. Добро се покриени на сите позиции со квалитетни играчи. Свесни сме и зрели колку овој натпревар значи за Вардар. Нема штедење и размислување, една и единствена опција е победата. Предноста на Порто е тоа што играчите им се искусни во Европа, што не е случај во нашата екипа. Мора да сфатиме дека освен три-четири играчи во овој Вардар останатиет се млади и играат првпат во Европа. Најголемата опасност од Порто доаѓа од среден бек, како и нивните кружни напаѓачи кои се крупни и прават проблеми. Имаат добар голман и играат брз и модерен ракомет. Денес ќе доработиме на тренинг како може да се подготвиме за добар резултат  изјави Недановски.

To top