Тренерот на ракометниот клуб Вардар Владо Недановски по натпреварот истакна дека на крај победи екипата која што имаше повеќе желба.
„Македонското „Ел Класико“ и денес беше неизвесно. Сепак, на крај славеше екипата која што повеќе ја сакаше победата. На почетокот промашивме многу зицери, но кога беше најпотребно, во последните пет минути бевме непогрешливи и во одбраната и во нападот.
Не сакавме дополнителен притисок, дека мора да се победи со повеќе од шест гола разлика. Не смеевме да си дозволивме да бркаме гол-разлика, бидејќи игравме против сериозна екипа со сериозен играчки кадар. Затоа задоволен сум од победа“, рече ресенчанецот.