Ракомет

Недановски: Имавме шанса да се вратиме, но сцена стапија нивните голмани

Недановски: Имавме шанса да се вратиме, но сцена стапија нивните голмани

На прес-конференцијата по натпреварот со Порто се обрати тренерот на РК Вардар Владо Недановски.

„Честитки на противникот за победата. Одигравме добар натпревар. Првото полувреме беше во наша корист и среќен сум како одигравме во одбраната во првиот дел. Второто полувреме лошо го отворивме, и иако се подготвувавме на нивниот напад 7 на 6 не беше доволно. Порто е екипа која со тренерот Андерсон преферира да игра 7 на 6 и една од подобрите екипи која го игра тоа. Имавме наша шанса да се вратиме во мечот, но на дело стапија нивните голмани со неколку интервенции“, изјави Недановски.

 

To top