Ракомет Лига на шампиони

Награда од Министерството за спорт за младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Според жрепката, битолчани во полуфиналето на 14 јуни во 9 часот силите ќе ги одмерат со ГОГ Гудме од Данска.

Награда од Министерството за спорт за младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди младите ракометарите на Еурофарм Пелистер, односно младинската екипа која се пласира на завршниот турнир во европската Лига на шампионите што ќе се одржи во Келн, Германија.

Од Еурофарм Пелистер информираат дека Министерството за спорт ќе добијат парична награда од 1,5 милиони денари за што се јавно се заблагодаруваат.

Како што е познато, младинската ракометна екипа на Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт, а на 14 и 15 јуни во Келн ќе се бори за европската титула со врсниците на европските ракометни гиганти ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем.

Според жрепката, битолчани во полуфиналето на 14 јуни во 9 часот силите ќе ги одмерат со ГОГ Гудме од Данска.

To top