На првата средба, поточно на дуелот меѓу Полска и Словенија (18 часот) правдата ќе ја дели најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Ова ќе биде и прва задача за нашите судии на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Покрај оваа средба во Берлин, во терминот од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Фарски Острови и Норвешка.