Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски, изрази задоволство од досегашниот тек на подготовките на нашата репрезентација пред настапот во СП во Хрватска.
„Минуваме низ добар подготвителен период. Имаме уште три пријателски натпревари кои треба да ги искористиме на најдобар начин. Мораме да го дочекаме Светското првенство максимално подготвени.
Меѓу фаворитите сме за минување на групата, но најубаво би било ако успееме да пренесеме бодови во слендата фаза. Можеме да се надигруваме со сите селекции и да освојуваме бодови.
Се надевам дека нашето салдо во главната фаза ќе биде поголемо од нула“, рече нашиот репрезентативец