Нашиот национален состав е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја со кои ќе ги одмериме силите од 15 до 19 јануари во Вараждин, но до овие средби треба добро да се подготвиме, а првиот дел ќе биде во Стара Пазова, место каде селекцијата ќе се задржи до 30 декември.
-Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство, -порача голманот Никола Митревски.