Ракомет

Митревски: Секогаш е убаво кога се враќаш дома

Митревски: Секогаш е убаво кога се враќаш дома

Голманот и капитен на нашата машка ракометна репрезентација Никола Митревски, по три сезони поминати во тимот на Порто, одлучни да ја прифати понудата на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за оваа сезона.

За официјалниот клупски сајт, Митревски изјави дека секогаш е убаво кога се враќаш дома:

Без разлика дали кусо или долго, секогаш е убаво кога се враќаш дома. Оваа приказна со РК Пелистер трае и чест и задоволство ми е што пак имам шанса да бидам дел од екипата во која почнав да играм и тоа пред своите сограѓани и во својот град. Сметам дека во овој клуб се работи правилно, доказ за тоа е фактот дека се доби вајлд – карта за учество во Лигата на Шампионите. Ќе бидеме дел од европскиот ракометен крем, публиката ќе има можност да присуствува на ракометни спектакли, каде секок меч е посебно доживување. Тимот е спој на странски и домашни играчи, спој искусни и помлку искусни играчи. Очекувам да бидеме сплотени и секако да ги оствариме клупските цели кои се пред нас“ посочи Митревски.

To top