Еден од најискусните во таборот на македонскиот ракометен тим, Никола Митревски, добро ги познава квалитетите на Спортинг и призна дека ќе им биде тешко на ова гостување.
„Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот.
Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во Лигата на шампионите имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова веќе“, изјави Митревски.
Натпреварот меѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер се игра в четврток во вечерниот термин од 20:45 часот.