Ракомет

Митревски: Моравме да се коцкаме,ни успеа и ќе играме ново СП

Митревски: Моравме да се коцкаме,ни успеа и ќе играме ново СП

Никола Митревски рече дека мораше да се коцка со формацијата, со цел да се спречи брзата игра на противникот.

Токму тоа и се случи и повторно Македонија ќе игра на еден планетарен ракометен собир.

„Можеби поради оваа атмосфера посакуваме реваншот да се игра во Македонија. Фарски Острови и незгодна екипа. Тоа го видовме на ЕП на кои играа егал со Словенија и Полска, а ремизираа со Норвешка. Имаат неколку играчи кои настапуваат во Бундеслигата, а нашиот состав е составен со играчи од домашниот шампионат.  За разлика од првиот натпревар игравме поагресивно во одбраната, а во нападот бевме многу поподвижни и на крилјата на публиката успеавме да се пласираме на СП. Нашата одбрана „5+1“ не дозволи голманите да имаат голем процент на одбрани, но моравме да се коцкаме некако за да ги задржиме најдобрите играчи. Успеавме да пресечеме многу топки и со тоа да реализираме од чисти позиции. Среќата, квалитетот, знаењето и желбата беа на наша страна“, рече капитенот.

To top