Машката ракометна репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред бараж двомечот со Фарскси острови на кој нашите ракометари ќе се обидат да стигнат до нова мундијалска виза и да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.
Со стигањето на Филип Талески и Никола Митревски кои вчера го играа дербито на португалскиот ракомет, нашата репрезентација во комплетен состав ќе ги продолжи подготовките за првиот меч против Фараните.