По средбата во „Билјанини Извори“ во полуфиналето на ракометниот Куо тренерот на РК Вардар Милано изјави дека е горд на своите избраници и додаде дека за финалето ќе размислуваат дури по завршувањето на вториот полуфинален дуел.
„Честитки до мојот тим за оваа голема победа, тие направија ова да е возможно. Сега малку ќе уживаме во хотелот, да видиме кој ќе ни биде ривал. Во моментот кога ќе заврши второто полуфинале ќе почнеме да размислуваме за утрешниот натпревар. Во последната акција судиите си ја завршија својата работа, мораа да погледнат снимка и го исклучија Борозан. Сепак, потоа во пенал-серијата покажавме карактер. Алкалоид го има најдобриот голман за седмерци во лигата, па да ги победиш е многу тешко. Моите ракометари покажаа темперамент и мирна глава, па многу сум горд на нив“, изјави Милано.